Македонија Старо Нагоричане

Мисајловски: Народот ја препознава искрената намера на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“

Граѓаните на Старо Нагоричани никогаш нема да бидат игнорирани и заборавени од ВМРО-ДПМНЕ, рече Владо Мисајловски.

Мисајловски: Народот ја препознава искрената намера на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“

Разговори и средби во Старо Нагоричане со вредните земјоделци и чесните жители на ова населено место. Имавме продуктивни разговори со жителите заедно со Цветан Трипуновски техничкиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и коалицијата „Твоја Македонија“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на листа во ИЕ2.

Тој по средбата се огласи на својот Фејсбук профил каде истакна: „Јасно е и во Старо Нагоричане, народот ја препознава искрената намера на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија повторно да биде достоинствена држава, држава каде младите ќе гледаат просперитет, повозрасните спокојно ќе ги поминуваат пензионерските денови со повисоки пензии, а земјоделците навремено ќе ги добиваат субвенции“.

Граѓаните на Старо Нагоричане никогаш нема да бидат игнорирани и заборавени од ВМРО-ДПМНЕ! Македонија повторно твоја!, потенцира во објавата Мисајловски.

To top