„ Ѓорче Петров се развива во модерна и урбана општина!
Кога ветувањата стануваат реалност !
Заедно со пратеникот Бојан Стојаноски предложивме и беше прифатен Амандман во износ од 3 милиони денари со кој се овозможува изградба на спортска инфраструктура во Ѓорче Петров.
Денес, тука сме заедно на увид во отпочнување со градежни работи за изградба на ново фудбалско игралиште во ООУ “Димитар Поп-Георгиев Беровски” во Општина Ѓорче Петров!
Со изградба на нови игралишта се стимулира секој млад човек како и повозрасните луѓе, слободното време да го користат во спортување а со тоа да стекнуваат здрав начин на живот и здрави навики! Изградбата на нови спортски игралишта е одличен начин да се инвестира во здравјето и добробитта на заедницата.
#ЃорчеПетров
#СпортскоИгралиште
#МакедонијаПовторноТвоја“, стои во неговиот пост на Фејсбук.