Средбa на министерот Мисајловски со амбасадорката на Ср Германија, Н.Е. Петра Дрекслер
Благодарност до амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер и одбранбеното аташе потполковник Ханс Петер Вамслер за одличната одбранбена соработка, особено во процесот на интегрирањето во НАТО упати министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба во Министерството за одбрана.
На средбата министерот Мисајловски напомена дека буџетот останува на 2% од БДП согласно заклучоците.
Во однос на Украина, Мисајловски извести дека македонската Влада ќе продолжи да ја помага и поддржува Украина.
Сојузништвото во рамки на НАТО и придонесот во операциите предводени од НАТО беа дел од денешниот разговор, на кој беше потенцирана регионалната стабилност како еден од главните фактори за натамошен просперитет на земјите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Нашата земја е јасно позиционирана и почитувана од страна на сите членки на Алијансата, што беше забележливо на сите досегашни средби и состаноци на НАТО Самитот и останува да биде доверлив партнер за соработка, заклучија соговорниците.
Средба на министерот Мисајловски со францускиот амбасадор, Сирил Баумгартнер: Остануваме посветени на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка со Франција
Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер.
На средбата во фокус на разговорот беше сојузништвото во рамките на НАТО, заедничкиот придонес кон целокупната политичка и безбедносна стабилност на регионот и обезбедувањето на одбранбениот Буџет согласно заклучоците на НАТО. „Остануваме посветени на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка со Франција која е наш сојузник и долгогодишен партнер, пред се во доменот на стратешки консултации во одбраната, затоа што модернизацијата и опремувањето на Армијата е наш највисок приоритет“, рече министерот Мисајловски.
Францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер истакна дека одлична билатерална одбранбена соработка во одбраната, военото образование и јазична обука ќе продолжи и понатаму и ја потенцира француската поддршка за членство на нашата земја во Европската Унија.
На средбата министерот Мисајловски го информираше амбасадорот Бомгартнер за актуелната кризна состојба во однос на повеќето од 30 активни пожари и за помошта која доаѓа од соседните земји.
Министерот Мисајловски оствари средба со косовскиот амбасадор, Н.Е. Флоријан Ќехаја
Регионалната стабилност, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и унапредување на добрососедските односи, беа темите на разговор на денешната средба меѓу министерот за одбрана Владо Мисајловски и амбасадорот на Косово, Н.Е. Флоријан Ќехаја.
Амбасадорот Ќехаја на средбата упати благодарност за досегашната билатерална соработка помеѓу двете земји.