Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Андреа Силвестри и одбранбеното аташе, полковникот Стефано Анџони.
-Упатив благодарност за сојузничката помош и поддршка од страна на Италија кон Македонија.
Во фокус на разговорот беше потпишувањето на Писмото за намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот Коридор VIII, за потребите на Алијансата.
Продолжуваме со заеднички придонес во безбедноста и континуирана продуктивна одбранбена билатерална соработка, информира Мисајловски.