Македонија средба

Мисајловски на средба со новоменуваната амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова

Денеска во Министерството за одбрана ѝ посакав добредојде, успешен мандат и плодна соработка на новоименуваната амбасадорка на Словачката Република, Ивета Хрицова, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На средбата разговаравме за унапредување на одбранбената соработка во делот на заеднички обуки и вежби, размена на искуство и развој на соработка на специјалните сили и можностите за едукација, обука и тренинг во македонските капацитети. Соработката во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ останува еден од нашите приоритети. Преку поддршката од Европскиот мировен фонд ја јакнеме подготвеноста на нашата Армија и придонесуваме кон стабилноста и безбедноста на регионот. Продолжуваме со искрено партнерство, сојузничка солидарност и заеднички ангажман за мир и безбедност, истакна Мисајловски.

To top