Министерот за одбрана, Владо Мисајловски утрово оствари средба со амбасадорката на Кралството Норвешка Н.Е. Кристин Мелсом.
На средбата, истанува Мисајловски, била потврдена силната соработка меѓу двете сојузнички земји.
-Изразив благодарност за континуираната помош и поддршка која Кралството Норвешка ја дава сите овие изминати години за развој на одбранбените капацитети. Продолжуваме заеднички да придонесуваме за зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и Алијансата, вели министерот за одбрана.