-Потребно е граѓаните на 8ми мај да излезат што помасовно референдумски и да ги казнат бидејќи се друго е алиби. Многу пати ќе слушнете сите се исти, па зошто би гласал, разочаран сум. Ако седите дома тогаш уште повеќе ќе бидете разочарани секој еден кој седи дома. Сега е моментот да се даде гласот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи единствената партија што ќе ги промени сите овие работи е ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Мисајловски.
Мисајловски вели дека СДС нема проблем што било да изгласа само да остане на власт.
-СДС се ќе направи само за да остане на власт, изминативе години ние секој еден ден, низ многу емисии, низ народот кажуваме дека СДС е приврзок бидејќи на нив не им е битно дали македонштината веќе се губи, дали идентитетот македонски се губи, кажа Мисајловски.