Македонија поддршка од словенија

Мисајловски: Македонија и Западниот Балкан мора забрзано да се движат на евроинтегративниот пат

Плодна посета и суштински разговори за зацврстување на соработката со сојузничка Словенија, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Мисајловски: Македонија и Западниот Балкан мора забрзано да се движат на евроинтегративниот пат

Плодна посета и суштински разговори за зацврстување на соработката со сојузничка Словенија, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Благодарност за несебичната и континуираната поддршка од страна на Република Словенија која е видлива и во делот на евроинтеграцискиот процес. Оваа поддршка беше потврдена на средбите со претседателката Наташа Пирц Мусар и со мојот колега Борут Сајовиц. Македонија и Западниот Балкан мора забрзано да се движат на евроинтегративниот пат. Европската Унија е наш заеднички дом, а Словенија силен поддржувач за полноправно членство на нашата татковина во Унијата. Чекориме напред и ја развиваме меѓусебната одбранбена соработка. Потпишаниот план за билатерална соработка за 2025 година е потврда дека продолжуваме со ист интензитет и во иднина. Благодарност до сите припадници на словенечките сили од армијата, полицијата и управата за заштита и решавање, кои ни помогнаа во борбата со пожарите изминатото лето. Во знак на почит и благодарност заедно со градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов доделивме плакети и признанија за нивната професионалност, пожуртвуваност и помош која дојде во најбрз можен рок, истакна Мисајловски.

Оддадовме почит на паднатите во војната за Словенија во 1991 година. Никогаш да не се повтори, додаде Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top