Македонија с.Никољане, Старо Нагоричане

Мисајловски: Ќе инвестираме во секое населено место затоа што граѓаните го заслужуваат тоа

-Заедно сплотени за Македонија која ја сакаме сите! Македонија повторно твоја, порача Мисајловски.

Мисајловски: Ќе инвестираме во секое населено место затоа што граѓаните го заслужуваат тоа

Носителот на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со низата средби со граѓаните.

-Продолжуваме во с.Никољане, Старо Нагоричане заедно со Цветан Трипуновски техничкиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и коалицијата „Твоја Македонија”, каде се сретнавме со жителите од с.Никуљане. Како во с.Пелинце, с.Драгоманце и Старо Нагоричане така и во с.Никуљане има стагнација од капитални проекти за подобрување на животниот стандард на овие граѓани. Се обврзуваме на многу проекти во земјоделието, здравството, инфраструктурата, образованието, спортот и културата. Ќе инвестираме во секое населено место затоа што граѓаните го заслужуваат тоа, рече тој.

Мисајловски потенцира дека промените започнуваат на 24 април со голема победа на професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Заедно сплотени за Македонија која ја сакаме сите! Македонија повторно твоја, порача Мисајловски.

To top