Македонија

Мисајловски: Граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ, бараат промени кои доаѓаат наскоро!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку статус на Фејсбук пишува дека денеска бил на средба со граѓаните на Шуто Оризари.

Мисајловски: Граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ, бараат промени кои доаѓаат наскоро!

„Заедно со најголемата коалиција “Твоја Македонија” обединети и сплотени на заеднички средби со нашите пријатели од Општина Шуто Оризари!

Тука можеме да констатираме дека граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ! Ветуваа живот за сите, подобар живот за младите, но младите како и возрасните поради лошите услови за живот и невработеноста се иселуваат и среќата ја бараат надвор од Македонија!

Затоа тука граѓаните се цврсто решени дека се потребни промени! И, драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени и подобра иднина!

Сите заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top