Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска заедно со Дарко Костовски градоначалникот на Бутел, изврши увид во градежните работи за уредување на речното корито на река Серава и на завршениот проект СРЦ „Македонија“.
-Ова навистина е задоволство да се гледа како Дарко Костовски градоначалникот на Бутел заедно со неговиот тим успеваат да ги решаваат децениските проблеми на граѓаните и да ја модернизираат општината со реализација на многу проекти, и тоа исклучиво само со сопствени средства од буџетот на општината, без никаква помош од централната власт. Посакувам Дарко и неговиот тим да продолжат со успешната приказна која ја создаваат во општина Бутел! – истакна Владо Мисајловски.