Македонија „Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ”

Мисајловски: Ѓорче Петров бил неуморен борец за македонската кауза за самобитна Македонија – големо е неговото дело, да го почитуваме!

Ѓорче Петров бил неуморен борец за македонската кауза за самобитна Македонија, а неговата животна парола останува вечно да не потсетува на нашето постоење: “Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ”!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски по повод одбележувањето на 159-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Ѓорче Петров.

Мисајловски: Ѓорче Петров бил неуморен борец за македонската кауза за самобитна Македонија – големо е неговото дело, да го почитуваме!

Денеска, по повод 159 години од раѓањето на Македонскиот великан Ѓорче Петров, заедно со кандидатите за пратеници од Ѓорче Петров, Бојан Стојаноски и Габриела Калкова, како и градоначалникот Александар Стојкоски, го одбележавме 2 април – Денот на раѓањето на Македонскиот великан Ѓорче Петров, еден од најголемите револуционери, идеолози и афирматори на Македонската Револуционерна Организација.

Ѓорче Петров бил неуморен борец за македонската кауза за самобитна Македонија, а неговата животна парола останува вечно да не потсетува на нашето постоење: “Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ”!

Големо е неговото дело! Да го почитуваме!

Нека е вечен споменот!, пишува Мисајловски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top