Сите партии кои велат дека се европски фронт и сите кои велат дека се за европска унија ќе се демантираат доколку го одбијат балансерот. Ова барање не е само на ВМРО-ДПМНЕ, ова го има во скринингот на Европската комисија, таа кажува дека ова е непотребно и теба да се укине, ова вечерва во Дневникот на Сител го истакна потпрестеседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
„Сега можеме да слушнеме се и сешто од тие партии, но реалноста е сосема поинаква, ние бараме тој балансер да се укине поради едноставна причина, само најквалитетните луѓе во државава се вработуваат. Еве еден пример, сега последните вработувања што беа во Мепсо, Елем, ајде да провериме колку од тие луѓе преку балансер зеле договори, а не одат на работа? Тоа е многу важно прашање, ние велиме не, да престане тоа и тие што се најдобри и најквалитетни нека се вработуваат“, вели Мисајловски.
Тој додава дека еднаш за секогаш мора да ги извадат сите партии на чистина и она што го ветуваат сите овие години е дека сите беа за една изборна единица, но дефакто во позадина само ДУИ било против.
-Да видиме сите овие партии зошто се против балансер и не знам зошто секоја партија сака да има 120 пратеници и зошто да нема 90 пратеници како што бараме ние. И наместо 120 на следните избори да има 90 пратеници, бараме да се укинат заменици министри, да се намалат управните одбори, ние сакаме да разговараме и да се најде начин со дво третинско мнозинство, но ние сме убедени дека ќе го имаме тоа дво третинско мнозинство и ако сакаме да влеземе во Европска унија треба да разговараме за вакви реформи, заклучува Мисајловски.