Македонија македонија

Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија

Гоце Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија.

Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија

Гоце Делчев – еден од најголемите борци за слободата и независноста на Македонија. Денес, се сеќаваме на Гоце Делчев, големиот македонски херој кој ја даде својата младост и живот за слобода на Македонија. На 4 мај 1903 година, Гоце Делчев падна во битка, но неговата жртва продолжува да живее во срцата на сите нас. Гоце Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија. Со неговата храброст, визија и посветеност, Гоце Делчев стана симбол на револуционерната борба, и неговото име останува врежано во историјата како симбол на националната гордост. Нека неговиот пример за храброст и љубов за татковината продолжи да не инспирира и денес. Вечна слава! Се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top