Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вечерва заедно со пратеничката Рашела Мизрахи и министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски беа дел од седницата на Општинскиот изборен штаб во Чаир.
-Чаир бил и ќе биде предводник на големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, општина со прекрасни луѓе кои секогаш се мотивирани за историски победи и подобра иднина. Време е да го посетиме секој граѓанин, да тропнеме на сечија врата и да ја претставиме програмата која што ќе биде водилка за тоа како Македонија да стане поубава, просперитетна и земја за почит, напиша Мисајловски на Фејсбук.