Како министер за одбрана можам да потврдам дека столбовите на кои ја градиме македонската армија се цврсти, а буџетирањето на одбраната е на високо ниво, рече во говорот по повод Денот на АРМ, министерот за одбрана, Влади Мисајловски.
Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана со зајакнување на заложбите за инвестиции во одбранбените ресурси согласно одлугите на самитот на НАТО во Хаг и сакам да се заблагодарам на владата и премиерот за поддршката која ни ја даваат. Инвестициите во одбраната ги гледаме на дело. Средствата кои граѓаните ги вложуваат во одбраната ги инвестираме плански и домаќински, а резултатот е пред нас, во новите лесни оклопни инженерски возила, во новите артилериски орудија „Боран“ кои неодамна ги промовиравме во нова и напредна опрема, кој ни овозможува да кажеме дека македонската армија е НАТО армија, истакна Мисајловски.
Мисајловски додаде дека минатата недела се пристигнати уште 29 лесни оклопни возила од американско производство.