Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Миновска: Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД за криминал и корупција, не може да ја води општина Карпош

Таков криминалец како Стевчо Јакимовски, кој е на црна листа на САД не може да ја води општина Карпош, додаде Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Град Скопје.

Миновска: Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД за криминал и корупција, не може да ја води општина Карпош

Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери за Стевчо Јакимовски имаат информации дека е криминалец, кој злоупотребува позиција и прави криминал со градби, изјави Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош.

„Во соопштението на Стејт Департментот кој го стави Јакимовски на црна листа стои:

„Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“.

САД јасно констатираат дека Стевчо Јакимовски се мешал во јавни набавки со цел за себе и за неговите соработници да направи имотна корист. Или народски кажано Стевчо Јакимовски местел тендери“, потенцира во изјавата Миновска.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Воедно САД укажуваат дека Јакимовски се мешал во урбаниот развој, или народски кажано правел ДУП-ови по желба на мафијата со цел лична корист. Стевчо Јакимовски е криминалец парекселанс. Таков криминалец како Стевчо Јакимовски, кој е на црна листа на САД не може да ја води општина Карпош, додаде Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош.

Најнови вести од Македонија

To top