Македонија Размена на искуства за унапредување

Министерството за јавна администрација учествува на 10th CAF USERS EVENT во Полска

Настанот се одржа под мотото: „Паметно управување: Насочено кон граѓаните, водено од ефикасноста“, а претставуваше одличен почеток на значајна размена на искуства и добри практики за унапредување на јавната администрација ширум Европа.

Министерството за јавна администрација учествува на 10th CAF USERS EVENT во Полска

Шефот на Кабинет на Министерот за јавна администрација, Маја Рисова Мутлулар, заедно со националните кореспонденти за управување со квалитет и CAF од Министерството за јавна администрација, присуствуваа на свечениот прием во Кабинетот на Премиерот на Република Полска, по повод одржувањето на 10th CAF USERS EVENT, под покровителство на полското претседателство со Советот на Европската унија.

Настанот се одржа под мотото: „Паметно управување: Насочено кон граѓаните, водено од ефикасноста“, а претставуваше одличен почеток на значајна размена на искуства и добри практики за унапредување на јавната администрација ширум Европа.

Претставниците од Министерството за јавна администрација имаа и свое излагање на настанот, каде ги споделија македонските искуства и достигнувања во примената на CAF моделот, како и тековните активности за подобрување на квалитетот во јавната администрација.

Тие активно учествуваа и на сесиите посветени на иновации, управување со перформанси и вклучување на граѓаните во процесите на јавните политики.

Министерството за јавна администрација ја изразува својата благодарност до полското претседателство за поканата и за можноста за учество на овој важен европски настан.

Најнови вести од Македонија

To top