Македонија Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Министерство за енергетика: СДСМ грубо манипулира за да го сокрие фактот дека нивните долгови го кочат развојот

И покрај ниските, манипулативни и неосновани напади од СДСМ, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува фокусирано на реализација на клучни проекти за граѓаните, со одговорно планирање, финансиска дисциплина и без загрозување на стабилноста на државата, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Министерство за енергетика: СДСМ грубо манипулира за да го сокрие фактот дека нивните долгови го кочат развојот

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најостро и недвосмислено ги демантира „неоснованите, манипулативни и свесно лажни тврдења на СДСМ, кои уште еднаш покажуваат дека како опозиција немаат ниту аргументи, ниту кредибилитет – туку само потреба да ја прикријат сопствената одговорност за финансискиот хаос што го оставија зад себе и во секторот енергетика“.

-Осврнувањето на министерката Сања Божиновска за состојбата на Буџетот се однесуваше исклучиво на реалната можност државата сама да финансира проект од обем и тежина како хидроцентралата „Чебрен“– инвестиција вредна над една милијарда евра. Притоа, министерката јасно и одговорно посочи дека ниту еден проект, колку и да е значаен, не смее да значи запирање на средствата за здравството, образованието, инфраструктурата и другите клучни јавни инвестиции. Ние јавно кажуваме што е финансиски можно, а што би било неодговорно и ризично за државата.Тоа е разликата меѓу одговорна политика и опасен популизам – разлика што СДСМ очигледно мора да ја научи, велат од министерството.

Од таму посочуваат дека фактот дека капиталниот дел од буџетот денес е ограничен е директна последица на години недомаќинско, хаотично и неодговорно управување, период во кој не беше реализиран ниту еден стратешки капитален проект, а државата беше задолжувана без јасна визија и резултати.

-Буџет што беше разнишан и нефункционален, оваа Влада сега го стабилизира и го става во служба на реални, мерливи и остварливи проекти. Очигледно е дека на СДСМ им пречи воведувањето ред и систем. Министерството направи суштински пресврт во енергетскиот сектор, овозможувајќи стотици домашни и странски компании да инвестираат транспарентно, законски и под еднакви услови – нешто што со години беше блокирано. И покрај ниските, манипулативни и неосновани напади од СДСМ, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува фокусирано на реализација на клучни проекти за граѓаните, со одговорно планирање, финансиска дисциплина и без загрозување на стабилноста на државата, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Најнови вести од Македонија

To top