Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ со придружна делегација, денеска ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
Како што соопшти МВР, министерот Нешиќ ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.