Македонија мвр

Министерот Тошковски присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на бегалците

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (24.06.2024) во Собранието на Република Северна Македонија присуствуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците, каде свое излагање имаа претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Љупчо Пренџов, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на САД Ангела Агелер, претставникот на УНХЦР Габриел Гуалано де Годој и пратеничката Соња Мираковска, соопштија од МВР.

МВР

Според глобалните статистики, до декември 2023 година државите се изјасниле дека повеќе од 117 милиони луѓе се присилно раселени од своето родно огниште. Тоа е 1.5 проценти од целото човештво кои се принудени да ги напуштат своите домови. Денеска се одбележува Меѓународниот ден на бегалците, а на овој настан беше истакнато значењето на заштитата на бегалците и Република Северна Македонија ја потврди посветеноста кон нивните права и безбедност, истакнаа од кабинетот на министерот Тошковски.

Најнови вести од Македонија

To top