Потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ и потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ, денеска ќе ги посетат компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“.
Како што информираат од кабинетот на Стоилковиќ, предвидени се и изјави за медиумите.