Денес, 01.02.2024г. министерот Панче Тошковски одржа работен состанок со раководството на Секторот за внатрешни работи Скопје. На состанокот министерот Тошковски ја потенцираше неговата заложба за строго почитување на законските процедури при работењето на МВР и истовремено побара од раководството на СВР Скопје како најголем сектор за внатрешни работи во државата да задржи високо ниво на професионалност во својата работа, независно од тоа што државата се наоѓа во период на техничка влада.
Исто така, на состанокот се разговараше за можноста дел од кадарот на СВР Скопје да биде времено ангажиран во одделот за граѓански работи со цел ублажување на проблемите поврзани со издавањето на личните документи.
Раководството на СВР Скопје го информираше министерот дека на подрајчето кое го покрива секторот има стабилна безбедносна состојба и иако се соочуваат со недостаток на кадар во определени организациски единици се прават напори успешно да се одговори на сите предизвици со кои се соочуваат во секојдневното извршување на работните задачи.