На покана на „Европското движење во Црна Гора“ и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре ќе учествува на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора.
Од Министерството за европски прашања денеска соопштија дека Муртезани ќе се обрати на сесијата насловена „Политички и технички преглед на процесот на интеграции во ЕУ на секоја од земјите на Западен Балкан“, осврнувајќи се евроинтегративниот пат на Македонија, предизвиците и можностите за пробив на тој пат.
Во рамки на работната посета, министерот Муртезани, како што е најавено, ќе оствари и одвоени средби со министерот за надворешни и министерката за европски прашања.