Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги примил копиите од акредитивните писма на новоименуваниот резидентен координатор на ОН во земјата, Рита Колумбиа.
Како што соопшти Министерството, честитајќи за именувањето на функцијата, министерот Муцунски изразил уверување за натамошно продолжување и зајакнување на заемната соработка со агенциите на Обединетите нации.
На средбата биле разменети мислења за досегашната соработка со Канцеларијата на резидентниот координатор и тимот на Обединетите Нации и имплементацијата на постојните проекти. Заеднички бил поздравен ангажманот на ОН кој има за цел да го зајакне капацитетот на земјата во клучните сектори и да ја промовира реформската агенда потребна за исполнување на барањата за пристап во Европската Унија.