Министерот за одбрана Владо Мисајловски утре, 27 ноември 2025 година, ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа во рамки на иницијативата SEDM – South East Defence Ministerial, што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.
На средбата, министрите ќе разговараат за клучните глобални и регионални безбедносни предизвици, како и за понатамошниот развој на процесот СЕДМ, во чиј состав функционира и Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG).
За време на посетата на Босна и Херцеговина, Мисајловски ќе ги посети и македонските армиски припадници кои учествуваат во мисијата на Европската Унија EUFOR – ALTHEA, каде што ќе оствари и средба со командантот на EUFOR, генерал-мајор Флорин-Мариан Барбу.