Македонија

Минчев: Реформите не се затворен процес, тука сме заедно со граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев во своето излагање нагласи дека ревидираните активности се резултат на суштински промени во институционалната и законската рамка, како и на потребата од реално прилагодување на реформите кон новите владини приоритети и препораките од Извештајот на СИГМА од 2024 година.

-Јавната администрација е крвотокот на државата. Нашата задача е тоа срце да го зајакнеме, да му дадеме нов ритам, европски ритам, ритам кој ќе служи на граѓаните, а не на партиите или тесните интереси, истакна Минчев.

Во своето обраќање, тој ја потенцираше и важноста на консултативниот процес со засегнатите страни, кој резултираше со ревидираниот Акциски план, нагласувајќи дека „реформата не е затворен процес, таа е отворена, директно поврзана со граѓаните, институциите, граѓанското општество и меѓународните партнери“.

Целта на јавната расправа беше да се презентира и дискутира со засегнатите страни за нацрт ажурираниот Акциски план за РЈА, кој ги одразува новите приоритети од владината програма 2024–2028, како и клучните наоди од извештаите за спроведување на стратегијата и процесот на европска интеграција.

-Нашата визија е јасна: силна, професионална и европска администрација, која нема да биде товар, туку двигател на развојот, порача Минчев во своето обраќање.

Јавната расправа претставува последниот чекор пред формалното усвојување на ажурираниот Акциски план, кој ќе биде основа за натамошно унапредување на јавната администрација во функција на граѓаните и во согласност со европските стандарди.

To top