Македонија честитка од Министерот за јавна администрација

Минчев: Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото

Министерството за јавна администрација ќе продолжи со реформите за поефикасни, транспарентни и професионални институции, кои ќе работат во интерес на сите граѓани.

Минчев: Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам.

„Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото – вредности што се темел на едно праведно и инклузивно општество.

Овие принципи треба да бидат водилка и во институциите, затоа што силната јавна администрација значи квалитетни услуги за сите граѓани, без разлика на нивната верска или етничка припадност.

Како Министерство за јавна администрација, остануваме посветени на создавање подобри услови за живот за сите, градејќи општество на еднакви можности, праведност и меѓусебно почитување.

Верувам дека само преку соработка и заеднички напори можеме да изградиме модерна и ефикасна администрација што ќе служи на граѓаните“ – порача министерот Минчев.

Министерството за јавна администрација ќе продолжи со реформите за поефикасни, транспарентни и професионални институции, кои ќе работат во интерес на сите граѓани.

Најнови вести од Македонија

To top