Македонија 8 септември

Минчев: Македонија е нашиот дом, нашата иднина и нашата најголема одговорност

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод Денот на независноста – 8 Септември.

Минчев: Македонија е нашиот дом, нашата иднина и нашата најголема одговорност

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод Денот на независноста – 8 Септември:

Почитувани граѓани,

Денес го славиме најсветлиот датум во нашата современа историја – 8 Септември, денот кога македонскиот народ со храброст и достоинство ја избра независна и самостојна Македонија, денот кога ја запишавме најсилната страница во нашата државност.

Независноста не е само спомен од минатото, таа е обврска кон сегашноста и иднината.
Да се биде независен значи да се гради држава со силни институции, со јавна администрација што им служи на граѓаните, со непоколебливи принципи на демократија и владеење на правото. Независноста има смисла само тогаш кога народот ја чувствува државата како своја – праведна, одговорна и европска.

Македонија е нашиот дом, нашата иднина и нашата најголема одговорност.
Денес, повеќе од кога било, мора да бидеме обединети во визијата за модерна, функционална и европска Македонија.
Тоа е должноста кон генерациите што ја избраа слободата и кон генерациите што доаѓаат.

Нека ни е вечна државата!
Нека ни е честит Денот на Независноста!

Со почит,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација

To top