Македонија Министерство за јавна администрација

Минчев: Да го одбележиме овој ден со чувство на единство и одговорност кон иднината

– Храброста и идеалите на борците од Илинденската и народноослободителната традиција остануваат втемелени во нашето колективно сеќавање и не водат во напорите за градење на современа, демократска и праведна држава, порача Минчев.

Минчев: Да го одбележиме овој ден со чувство на единство и одговорност кон иднината

Честитка по повод денот на револуционерната борба „23 октомври“ на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

„Почитувани граѓани,

На денешен ден оддаваме почит на визијата и пожртвуваноста на македонските револуционери кои со својата борба ги поставија темелите на нашата државност и стремежот за слобода, правда и еднаквост.

Храброста и идеалите на борците од Илинденската и народноослободителната традиција остануваат втемелени во нашето колективно сеќавање и не водат во напорите за градење на современа, демократска и праведна држава.

Како министер за јавна администрација, силно верувам дека токму преку отчетност, професионализам и служба на граѓаните, ја продолжуваме борбата за подобро општество, општество какво што го замислувале нашите предци.

Да го одбележиме овој ден со чувство на единство и одговорност кон иднината.

Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Срдечно,
Горан Минчев
“

To top