Македонија закон

Милошоски: За законот за рестриктивни мерки е потребна јавна дебата во Собранието на која збор ќе има стручната фела

Откако вчера, а и денеска беше прозван од СДСМ и неговиот лидер Димитар Ковачевски да не ја блокира собраниската процедура за предлог-законот за рестриктивни мерки, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски излезе со реакција на социјалните мрежи.

Милошоски: За законот за рестриктивни мерки е потребна јавна дебата во Собранието на која збор ќе има стручната фела

Откако вчера, а и денеска беше прозван од СДСМ и неговиот лидер Димитар Ковачевски да не ја блокира собраниската процедура за предлог-законот за рестриктивни мерки, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски излезе со реакција на социјалните мрежи.

Инаку, повиците од владејачката партија уследија по ставањето на ексшефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева и актуелниот градоначалник и кандидат на ГРОМ за претседател на државата, Стевчо Јакимовски, на „црната листа“ на САД поради вмешаност во корупција.

Милошоски во реакцијата на социјалната мрежа Фејсбук вели дека владата на ДУИ и СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, Катица Јанева и други „владини пријатели“ кои се дел од црната листа на официјален Вашингтон.

Во објавата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ дава краток преглед на чекорите за постапка по Законот за меѓународна соработка во кривичната материја кој, како што додава, едногласно е изгласан во Собранието на 2 април 2021 година, потпишан од претседателот Стево Пендаровски и објавен во „Службен весник“.

„Во овој закон предвидена е можноста домашен надлежен орган (Министерството за правда или Јавното обвинителство) да испрати замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава (член16). Со замолницата, која се доставува преку Министерството за правда, од странската надлежна институција се бара достава на списи, информации и материјални докази за одредена предистрага, истрага или тековен судски предмет за физичко и/или правно лице. Овој закон (член35) овозможува и формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител на Македонија. Во член 39 од Законот за меѓународна кривична соработка дури е предвидено и секое истражно дејствие што го преземал надлежен орган на странската држава да биде изедначено со соодветно дејствие во кривичната постапка пред домашните институции“,пишува Милошоски.

Сумирајќи ги ваквите наводи, пратеникот и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика вели дека доколку имаат политичка волја за сериозна борба против корупцијата, Владата, министерот за правда и јавното обвинителство имаат законска основа преку која може веднаш да побараат од наддадените органи во САД да им ги достават сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица кои се најдоа на американската црна листа.

„Државниот јавен обвинител може веднаш да оформи заеднички македонско-американски истражен тим и да поведе самостојна или заедничка истражна постапка и да оформи/да процесира кривично-правни предмети пред надлежните институции во Македонија“,вели Милошски во објавата.

Според него, овој закон е добро да се надгради и синхронизира со дополнителен закон за рестриктивни мерки, но додава оти за тоа е потребна квалитетна јавна расправа на што укажале претставници на стручната фела.

Смета дека организатор и домаќин на таквата јавна расправа треба да биде Собрание и на неа главниот збор да го имаат претставниците на судската фела, Обвинителството, адвокати и професори по кривично право.

„На ваквата јавна расправа многу ќе користи и присуството на експерти за рестрикции и санкции од САД и ЕУ, за да имаме одржливо унапредување на позитивните норми во оваа регулирана област за меѓународна соработка во кривичната материја“,вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

По ставањето на Јанева и Јакимовски на „црната листа“ на САД, од СДСМ вчера порачаа дека тоа е потврда зошто итно треба да се донесе законот за рестриктивни мерки кој е во Собрание, но е заглавен во матичната Комисија за надворешни работи, со која претседава Милошоски.

Итно да се донесе законот за рестриктивни мерки, побара СДСМ по додавањето нови имиња на „црната листа“ на САД

Милошоски да не го блокира и да го стави на комисија законот за рестриктивни мерки што го подготви Владата, вели Ковачевски

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, дополнувањето на „црната листа“ на САД со нови лица од земјава покажува дека корупцијата цвета во земјава оценувајќи го истовремено и како удар врз СДСМ, затоа што сметаат дека и Јанева и Јакимовски се поврзани со нивниот политички конкурент.

To top