Македонија релации во Европа и Вашингтон

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ рационално се насочува и кон домашни проекти и кон меѓународна репутација на државата

Буџетот беше во една голема дупка сега е веќе консолидиран, заемот со Унгарија исто така се преговараше и се стигна до одредена цифра која што треба да биде од голема помош за Македонија, посочи Милошоски.

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ рационално се насочува и кон домашни проекти и кон меѓународна репутација на државата

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој зборуваше за повеќе теми од кои фокусот го стави на многуте остварени локални проекти од страна на Владата, но и на евроинтегративниот процес како актуелна тема.

„Прво сметам дека не е целата енергија насочена кон евроинтегративниот процес, еве би одел и со тој дел, за прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа, значи Македонија во следниот период на шест, седум, осум месеци на локално ниво ќе биде едно мало градилиште, сето тоа ќе го видиме, најавите се добри“, изјави Милошоски.

Во оваа емисија пратеникот Милошоски истакна дека можностите кои ги направил ВМРО-ДПМНЕ се од голема корист за општините, за подобар развој во иднина, со оглед на тоа каков буџет е наследен од претходната власт, и дека оваа Влада им нуди помош и проекти кои ќе придонесат да има подобри услови за живот на граѓаните во целост.

„Дел од општините во Македонија и навистина немаат толку многу ресурси за да направат нешто многу самите ова од страна на Владата сметам дека е добар потег и солидарен и продуктивен. Буџетот беше во една голема дупка сега е веќе консолидиран, заемот со Унгарија исто така се преговараше и се стигна до одредена цифра која што треба да биде од голема помош за Македонија“, посочи Милошоски.

Покрај ова пратеникот се осврна и на евроинтегративниот процес како актуелна тема и наведе дека како и на домашно поле така и во оваа област се гледа напредокот на Владата и успешното раководење во изминатите месеци.

„Се гледа дека оваа Влада за разлика од претходната има добри релации во Европа и Вашингтон, со разните средби од кои и средбата со Макрон. Разговараме за навистина вложени напори од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ја подобри позицијата на Македонија на меѓународната сцена“, заклучи Милошоски.

To top