Македонија

Милошоски: СДС и ДУИ не само што не оддалечија од евроинтегративниот пат, туку зад себе оставија и една ненадоместлива штета на изгубено време

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ оваа недела гостуваше пратеникот во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој зборуваше за актуелните теми и случувања во последниот период, а главното прашање на кое се осврна беа евроинтеграциите.

Милошоски: СДС и ДУИ не само што не оддалечија од евроинтегративниот пат, туку зад себе оставија и една ненадоместлива штета на изгубено време

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ оваа недела гостуваше пратеникот во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој зборуваше за актуелните теми и случувања во последниот период, а главното прашање на кое се осврна беа евроинтеграциите.

Тој јасно констатираше една клучна одлика на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ, а тоа не е само оддалечувањето од евроинтегративниот пат на земјава, туку и една ненадоместлива штета која се состои во пропуштеното и изгубено време, но истовремено истакна дека позицијата на новата Влада е јасна и се движи во насока на полноправно членство во унијата, но со извесност и без некаква концесија, обврска или притисок.

„Седум години се сепак сериозен период за било која држава, влада, за било кој процес дали е стопански, економски, дали се евроинтеграции и начинот на кој што го водеа тој процес, обврските кои што ги прифатија, а не можеа да ги реализираат, сега претставуваат товар за сегашната и секоја идна влада. Направија една комплицирана ситуација во овој процес на евроинтеграции“, вели Милошоски.

Според него ваквата наследена состојба не е ни малку лесна, но истовремено е и охрабрен по посетата од страна на премиерот во Берлин и неговата лична изјава дека е поголем оптимист, а воедно посакува и многу успех на сите директно инволвирани страни во овој процес.

„Во делот на постигнување реформи и стандардни на Копенхагенските критериуми, верувам дека Владата оттука ќе испорача и дека ќе бидеме забележително подобри од она како до сега, во изминатите седум години. Во делот на преземените обврски поврзани со блокадата од Бугарија, сметам дека ќе биде потешката задача“, тој недвосмислено прецизира.

Во оваа насока, Милошоски смета дека е потребно да се создаде клима и тоа најпрво, во земјата да се постигне поширок консензус кој јасно ќе ги застапува нашите позиции како држава, а по утврдувањето на состојбите во Бугарија да се изнајде начин за зголемување на меѓусебната доверба бидејќи на крајот сепак ние сме соседи.

„Најголемиот проблем што СДСМ и ДУИ го направија е што после потпишувањето на договорот за добрососедство, во изминативе седум години ние имаме нарушено добрососедство. Нема доверба има блокади наместо да има проекти, трговија и нешто од взаемен интерес за Македонија и за сите соседи, вклучувајќи ја и Бугарија“, заклучува Милошоски.

Најнови вести од Македонија

To top