Македонија ќе заседаваат Извршниот и Централниот комитет

Милошоски: Приоритет на СДС и ДУИ ќе бидат изборни малверзации, ако одлучат органите на партијата да учествуваме во техничка влада тоа ќе биде со цел намалување на тие малверзации

Милошоски смета дека доколку партијата донесе одлука да биде дел од техничката влада министрите кои ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат поголеми шанси да ја направат владата потранспарентна и да можат да попречат незаконитости кои планираат да ги прават СДС и ДУИ.

Милошоски: Приоритет на СДС и ДУИ ќе бидат изборни малверзации, ако одлучат органите на партијата да учествуваме во техничка влада тоа ќе биде со цел намалување на тие малверзации

Би сакал да кажам дека органите на партијата ќе одлучуваат во следните неколку дена, ќе заседаваат Извршниот и Централниот комитет, но сметам дека кога владата ја предводи човек како Талат Џафери кој безброј пати го прекршуваше Деловникот, кој не го пополнува местото член на ДИК кое и следува на опозицијата, а со месеци го влечка овој оглас и не го става на дневен ред, тогаш тој што би имал намера да не учествува во ваква влада за организирање на избори, може само да им даде поголема шанса на Џафери, Груби, Спасовски да прават малверзации, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за Тема на денот во дневникот на Сител.

Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ би требало да учествува во техничката влада со цел ДУИ и СДС што поефикасно да бидат развластени.

– И не само да има прифаќање на изборниот процес. Гледаме дека власта работи нетранспарентно, до денес како јавност ги немаме сите документи за Беса Транс за кој беше посочувано дека МВР чувале документи во фиока, ги немаме сите документи за Бехтел и Енка кои ги чуваат како државна тајна, не знаеме колку одлуки има донесено Груби за државата да ја претвори во територија на казино на ДУИ и неговите пријатели, изјави Милошоски.

Милошоски смета дека доколку партијата донесе одлука да биде дел од техничката влада министрите кои ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат поголеми шанси да ја направат владата потранспарентна и да можат да попречат незаконитости кои планираат да ги прават СДС и ДУИ.

– Затоа нашата цел доколку одлучиме да учествуваат во техничката влада би требало да биде да паднат што поскоро СДС и ДУИ што се совпаѓа со желбата на мнозинството од граѓаните. Ценам дека министер за внатрешните работи, труд и социјала и тројца заменици во земјоделие, финансии и министерство за информатичко општество и администрација би биле добар влог во зголемување на изборниот систем и намалување на малверзациите на СДС и ДУИ. Затоа што не е случајно што Бесими е шеф на изборен штаб на ДУИ, нему приоритет ќе му биде да создава прилики за ДУИ да го избере тоа министерство за финансии за изборни цели. ВМРО-ДПМНЕ ако учествува во техничка влада таму би имале заменик кој ќе се обиде тоа да го спречи, потенцираше Милошоски.

To top