Македонија Стокхолм

Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Андреас Норлен, Претседател на Парламентот на Kралството Шведска.

Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи на 23-24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралство Шведска во Стокхолм, Кралството Шведска.

Во составот на Делегацијата е и Бобан Стојаноски заменик-генерален секретар на Собранието.

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Андреас Норлен, Претседател на Парламентот на Kралството Шведска.

На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти,10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, Вториот Самит се одржа во 2023 година во Прага, Чешка Република а Третиот парламентарен самит се одржа во 2024 година во Рига, Летонија.

Најнови вести од Македонија

To top