„Јас прво сакам да споменам еден личен пример на пријател, со кој што имам одредени комуникации, тој живее и работи во Германија и дојден е во Македонија со патна исправа заради смртен случај во неговото семејство. И сега не може да се врати во Германија затоа што нема нова патна исправа. А, замислете има важечки пасош, но во стои Република Македонија, а траењето на документот е до 2026-та година. И сега ќе ја изгуби својата работа во Германија затоа што Македонија како држава донела таков нефункционален закон за пасоши“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Алсат телевизија.
„И затоа ние апелираме до пратениците на СДСМ и на ДУИ ова е нехумано за сите граѓани на Македонија, го загрозува правото на слобода на движење, им ја загрозува работата, им загрозува роднински обврски и посети, им загрозува лекување и образование на сите македонски граѓани без разлика од каде доаѓаат и кои се по потекло. Апелираме пратениците на СДСМ и на ДУИ заедно со Талат Џафери и Бујар Османи кои што во моментов знам дека се кочничари на овој процес да дадат поддршка за да го смениме законот за патни исправи и да важат валидните патни исправи барем до 31.12.2024“, рече тој.
Милошоски додаде дека Македонија пред се е должна да ги почитува меѓународните конвенции кои што имаат приоритет во правото на секоја држава. Европската конвенција за човекови слободи и права, членот 2 пишува дека слободата на движење е загарантирано. Исто така во Уставот на Република Македонија членот 27 пишува дека секој има право да влезе и да излезе со валидна патна исправа од Република Македонија.
„Затоа ние како држава не смееме да ги понижуваме граѓаните и да им правиме ваков притисок кој што е дојден заради непромислените постапки на Оливер Спасовски и на Бујар Османи“, заклучи Милошоски.
„Сметам дека другите држави пишува и во самиот договор од Преспа дека тој не се однесува на билатералните односи на Македонија со трети држави, и не засегнува ниедни права во однос на третите држави и ниту може да биде на штета на правни лица и на граѓани. Затоа сметам доколку се продолжи важноста на пасошите сите други држави ќе се ги признаат пасошите и македонските граѓани нема да имаат проблем да патуваат слободно низ светот“, појасни тој.