Македонија

Миленковски: Срамно е да бараш уште еден мандат ако си се колнел пред својот народ дека нема, а си ѝ го сменил името на татковината

Миленковски: Срамно е да бараш уште еден мандат ако си се колнел пред својот народ дека нема, а си ѝ го сменил името на татковината

Ректорот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски истакнува дека секогаш тој што се колне, во неговите примери, пред него значи дека лаже.

-Тие се колнеа, во децата, предците, да му се земело мерка на тој што ќе го смени името. Јас би се срамел да барам уште еден мандат пред граѓаните. Срамота е, изјави Миленковски во гостувањето во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

За потсетување, актуелниот шеф на државата и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски од позиција на опозиционер изјави дека „мора да му земеме мерка на тој човек што ќе го смени името на државата“.

-Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името, и никој нeма да знае и утре ќе се викаме нe знам како. Е нe може. Мораш да дојдеш во институциите. Во тој момент, јас ви тврдам, сите што беа десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани, колку и да звучи како фраза, душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е. Јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за такво нешто, а и ако има, во интерес на нашата заедничка иднина, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе, изјави тогаш Пендаровски.

To top