Македонија

Мицкоски: Животната средина е приоритет, околу 680 милиони денари добија општините за проекти во оваа област

Мицкоски: Животната средина е приоритет, околу 680 милиони денари добија општините за проекти во оваа област

Меѓу проектите на општините, за кои добија финансиска поддршка од Владата, има и за заштита на животната средина.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека животната средина е нивен приоритет и многу се вложува тука.

-Има околу 680 милиони денари проекти кои се дел од заштитата на животната средина и продолжуваме и понатаму да инвестираме во животната средина и во постоечките програми, посочи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Напомена и дека постепено почнува да се реализира проектот за пречистителна станица во Битола, а слично нешто очекува и за Тетово.

To top