Сакам да им честитам на кавадарчани, да му честитам на градоначалникот, на советниците, на пратениците коишто доаѓаат од Кавадарци, кои што со своја заедничка работа, макотрпна работа ги подготват проектите, а потоа аплицираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
„Нормално, како резултат на тие апликации се понатаму и овие проекти кои што ги реализираме.
Ние како Влада ќе продолжиме преку министерствата да помагаме во општините, бидејќи тоа е наша цел, да се гради, помалку да зборуваме, а повеќе да работиме.
Да градиме нешто кое што им е важно на граѓаните.
И еве тука сведочиме нова канализација, нов пат, нов асфалт, претходно и водовод, приклучоци за жителите на ова населено место.
Така што уште еднаш, немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и потпретседателот на владата и министер за транспорт, освен тоа да им честитам на кавадарчани и на жителите на ова населено место.
Им посакувам со среќа и со успех да ги користат водоводот и канализацијата, но и да имаат пристојни услови за живот кога ќе доаѓаат овде“, потенцира во изјавата Мицкоски.