Македонија

Мицкоски: Започна проектот за 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, објавен е јавен повик за аплицирање

Објавен јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, образование и наука, социјална политика, демографија и млади, спорт и Министерството за култура и туризам, изјави денеска на прес конференција премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Започна проектот за 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, објавен е јавен повик за аплицирање

Целта на денешната прес-конференција е почетокот на реализација на проектот од кој Владата ќе одвои 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините и подобрување на животот на граѓаните. За таа цел е објавен јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, образование и наука, социјална политика, демографија и млади, спорт и Министерството за култура и туризам. Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на општините за проекти со чија реализација ќе се придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развој во општините и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, вели премиерот.

Мицкоски повика што повеќе општини да аплицираат на овој отворен јавен оглас.

-Право да поднесуваат апликации и предлог – проекти имаат општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Испраќам на апел што е можно повеќе општини, независно од политичката провиниенција на градоначалниците да учествуваат во овој повик, рече Мицкоски.

Целта е да се подобри животот на сите граѓани, вели Мицкоски.

-Ние сме Влада на сите граѓани, и нашата цел е да се подобри животот на сите граѓани. Овие пари значат повеќе проекти и решенија за граѓаните за нови улици, булевари, училишта, градинки, водоводи, канализации, сѐ она што в суштина им е потребно на граѓаните. Ова е прв ваков проект од толку обемен карактер за инфраструктурен развој на општините во историјата. 250 милиони евра од централниот буџет за вистинските потреби на граѓаните, истакна Мицкоски.

-Во минатото се правеле инфраструктурни проекти во главниот град, но никогаш секаде и за сите општини во толку голем обем како што е замислата со овие 250 милиони евра и свесен сум дека голем дел од општините се соочуваат со вистински потреби за развој на инфраструктурни проекти и капитални инвестиции.

До крајот на оваа година со овој јавен повик на располагање за општините се ставаат 6 милијарди денари, и ова е првата фаза од вкупно 15 милијарди денари или 250 милиони евра за капитални проекти. Одблиску ќе ја следам реализацијата на проектите, а процесот ќе биде целосно транспарентен и достапен на увид на целата јавност.

Со ова покажуваме дека се гради за народот. И дека помагаме и се грижиме за секој еден граѓанин. Дозволете во продолжение министерот за локална самоуправа Златко Перински кој го објави овој јавен повик, да објасни за начинот и роковите за пријавување. На крајот сум достапен за вашите прашања, рече Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top