Македонија

Мицкоски: Законот мора да важи секаде и за секого, ќе сториме се да ги заштитиме институциите

Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме се да ги заштитиме институциите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се уште стои на ставот што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.

Мицкоски: Законот мора да важи секаде и за секого, ќе сториме се да ги заштитиме институциите

Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме се да ги заштитиме институциите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се уште стои на ставот што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.

– За дестабилизацијата информациите се такви какви што се. Сите што од голтари станаа милионери и владееја со Македонија изминатите седум години, сите оние кои што дивееја по улиците и тука во главниот град град и ширум целата држава имаат интерес да ја дестабилизираат затоа што тие се највешти и најсилни кога има нестабилност. Но, ние како држава и како Влада ќе се бориме за стабилна држава и стабилни институции, затоа што демократијата подразбира стабилни институции и ние се ќе сториме да ги заштитиме институциите, рече Мицкоски по посетата на ЈП за државни патишта.

Премиерот дополни дека законот мора да важи секаде и за секого. Тука, потенцираше, работиме заедно со нашите партнери и јас сум благодарен за тоа.

-Секој кој работи во насока на силни и стабилни институции за мене е родољуб човек кој си ја сака државата за мене е човек кој го охрабрувам и секогаш ќе го поддржувам, рече Мицкоски.

Тој претходно изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава.

-Имаме индиции за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголем дел да манипулираат и она што мене особено ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам и до јавноста и до медиумите и до граѓаните да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, изјави Мицкоски на 15. месецов.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, пак, по изјавата на Мицкоски, во одовор на новинарско прашање, рече дека не планира да го свика националниот Совет за безбедност во врска со наводите за постоење индиции за дестабилизација на државата.

– Индиции за дестабилизација се едно, закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква. Реков дека нема да го свикам Советот зашто мислам дека во ова време неверем кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со други закани под наводници. Не гледам дека тие закани се реалност во моментов, изјави Сиљановска Давкова, најавувајќи дека може да го свика Советот за безбедност по неговото доекипирање.

To top