Македонија Повикуваа на бесилка

Мицкоски: Зад порталот на кој Палевски настапуваше и сееше омраза стои власта која го заштитува и охрабрува говорот на омраза

Претседателот Мицкоски истакна дека поради неказнивост на институциите, денеска се случуваат вакви ликови како Палчо кој се смета за семоќен.

Мицкоски: Зад порталот на кој Палевски настапуваше и сееше омраза стои власта која го заштитува и охрабрува говорот на омраза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Интервју на Шења“, на телевизија Шења рече дека зад порталот на кој осомничениот за двојното свирепо убиство Љупчо Палевски настапувал и сеел омраза стои власта која го заштитува и охрабрува на таквото однесување.

-Плукајќи ме, навредувајќи ме, па дента посвети емисија на мене, каде што поканија гостин кој што повикуваше на бесилка, да ме бесат. И во ред. Јас ќе го истрпам тоа, вели Мицкоски.

На прашањето дали ги пријавил овие навреди и говор на омраза, Мицкоски рече:

Кога и каде да пријавам. Па зарем некој има дилема дали функционираат институциите.

Мицкоски изјави дека кога се нафатил на оваа работа да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ бил свесен дека ќе биде мета на напад, но не дека ќе бидат мета на напад и неговото семејство и неговите деца.

Јас кога се нафатив на оваа работа, бев свесен дека можеби нема да имам мирна пензија. Но, што има врска моето семејство и моите деца, праша Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека поради неказнивост на институциите, денеска се случуваат вакви ликови како Палчо кој се смета за семоќен.

-Затоа денеска ни се случуваат вакви ликови како овој што го споменавме кој што мисли дека е семоќен, кој мисли дека нему тоа право му припаѓа. И потоа за жал деца ги губат своите животи, нагласи тој.

To top