„Па не само за овој случај. Јас реков дека од есен ќе сведочиме за тоа што се случувало изминатите 7 години, за многу работи, не само за ова, ова е само почеток“, рече Христијан Мицкоски Претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање дали очекува ЈО да покрене истрага за злоупотребите на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Премиерот Мицкоски додаде дека за многу брзо граѓаните ќе дознаат за сите злоупотреби од претходната власт изминатите 7 години.
„Ќе има многу луѓе кои што денеска гледаме се силни позади говорницата во Парламентот и во прашална форма поставуваат прашања од партиска говорница. Но, ќе видиме сега како ќе изгледа сето тоа кога ЈО и истражните органи ќе треба да се позанимаваат со сите оние злоупотреби што се случуваа изминатите 7 години“, дециден е Мицкоски.