Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција на новинарско прашање во врска со војната во Украина рече дека се следат најновите случувања и се анализират, како и дека очекува што поскоро да се стави крај на војната.
-Одблиску ги следиме најновите случувања и развој на настани, ги анализираме. Се разбира тоа дека јавно нема да излеземе, што е она кое го анализираме и кои се наште проценки. Очекуваме час поскоро да се стави крај оваа војна, би рекол на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме онака како што посакуваме, изјави премиерот Мицкоски.