Во тек е реконструкција на два студенски дома, проектот е вреден 17 милиони евра. Тоа е студенскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, и студенскиот дом „Стив Наумов“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски најави дека до крајот на 2026 година ќе имаме навистина два два навистина репрезнтативни објекти, односно студенски домови.
-Таму комплетно се менува, инсталацијата, фасадите, арматурата, начинот на затоплување и ладење, се монтираат сончеви панели, енергетски ефикасни објекти и навистина за година и половина очекува, или кон крајот на 2026 година очекувам да имаме два навистина репрезентативни објекти во кои што студентите ќе можат да живеат, да учат и да го унапредуваат своето знаење, рече Мицкоски.