Од минатото учиме да не ги правиме грешките во иднина. Ковачевски како да не научи од минатото, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот дуелот за Македонија во Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5 говорејќи за двата Договори со Грција и Бугарија.
Мицкоски укажа дека историската комисија се охрабрува да ја заврши работата пред влез на Македонија во ЕУ.
„Ова не е храбар чин Ковачевски, туку погрешен и катастрофален потег. Билатералниот договор со Бугарија е дел од преговарачката рамка и тоа веднаш од копенхагеншките критериуми, а не вие како што велите дека не е“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа обраќајќи се на Ковачевски кажа дека сите идни генерации треба да вложат повеќе енергија поради неговата и грешката на оваа Влада.
„До сега беше преговори по копенхашки критериуми, а сега и билатерален договор и сега треба да се враќаме назад да преговараме на основа на критериумите, а не како што направивте вие. Направивте голема грешка“, вели Мицкоски.
Генерациите до сега го посветиле животот на Македонија.
„Јас не ги менувам ставовите, целото свое политичко функционирање и иднина го ставив на маса. Никој тоа не го направил. Да немате дилема дека за мене државата е Македонија и ќе остане да биде Македонија“, заклучи Мицкоски.