Македонија

Мицкоски за Клан Македонија: Очекувам убедлива победа на ВМРО ДПМНЕ без било каква дилема

Очекува, ВМРО ДПМНЕ да добие најголем број на пратеници, СДСМ би имале околу 25, албанските политички партии меѓу 25 и 27, а останатите партеници ќе ги делат партиите ЗНАМ и Левица.

Мицкоски за Клан Македонија: Очекувам убедлива победа на ВМРО ДПМНЕ без било каква дилема

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Клан директ на ТВ Клан рече дека доколку следната недела би имале избори, излезноста би се движела меѓу 50% и 55%.

Очекува, ВМРО ДПМНЕ да добие најголем број на пратеници, СДСМ би имале околу 25, албанските политички партии меѓу 25 и 27, а останатите партеници ќе ги делат партиите ЗНАМ и Левица.

“Очекувам разликата во првиот изборен круг во корист на Силјановска да биде повеќе од 100 илјади гласови. Се обложувам на победа на ВМРО ДПМНЕ на 8 мај, но не можам да се обложам дека ќе имаме 61 пратеник.Како што се доближуваме до изборите, гласачите се повеќе ќе се сензибилнизираат.Не би бил изненаден, ако продолжи сензабилнизирноста на граѓаните, бројот на гласачите да се зголеми’’, изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека и според анкетите и јавното мислење, граѓаните од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат подобар стандард, борба со криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Ако ги анализирате анкетите и јавното мислење,потенцира Мицкоски, граѓаните од идната влада очекуваат подобар стандард, да бидат побогати и борба со криминалот и корупцијата и владеење на правото. Токму во таа насока ќе биде промовирана на 23 март и изборната програма на ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top