Македонија локални избори 2025

Мицкоски за изборот на кандидатите за градоначалници: Секој ќе мора максимално да се потруди за ветеното да се исполни

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска при посетата на општина Зрновци како одговор на новинарско прашање изјави дека има целосна доверба во предложените кадровски решенија, но нагласи дека нивната работа ќе биде постојано следена и оценувана.

-Имам доверба во секој еден од предложените кадри, верувам дека ќе покажат извонредни резултати. Тука сме секојдневно да ја мониторираме нивната работа и доколку забележиме намалување на динамиката и темпото на реализација на ветените политики, ќе реагираме, истакна Мицкоски.

Тој порача дека одговорноста е лична и секој мора максимално да се ангажира.

-Никој не е вечен, никому ништо не е однапред загарантирано. Секој ќе мора да се потруди затоа што она што е ветено пред граѓаните мора и да се испорача, подвлече премиерот.

Најнови вести од Македонија

To top