Македонија

Мицкоски во теренска посета на Општина Охрид

Мицкоски во теренска посета на Општина Охрид

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на теренска посета на Општина Охрид каде ќе изврши увид во градба на постоечки и ќе го одбележи почетокот на градба на повеќе други проекти.

Мицкоски во 12 часот ќе присуствува на камен темелник на спортска сала во село Лескоец, Општина Охрид, пришто ќе даде изјава за медиуми. Со ова после 30 години, во склоп на ОУ „Ванчо Николески“ започнува изградба на спортска сала со обем од 592 м2, а во себе ќе вклучува повеќенаменско спортско игралиште.

Во 12:40 часот, премиерот Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности при реконструкција на ул. 7-ми Ноември, (влез Битола). Овој проект опфаќа реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри. Вкупната вкупна вредност е над 43 милиони денари.

Во 13:00 часот премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта.

Премиерот Мицкоски во 13:20 часот ќе изврши увид на состојбата на затворениот базен во Општина Охрид.

Најнови вести од Македонија

To top