При денешната посета на општина Гевгелија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на платформа 1198 и дали се предвидени пари за општините истакна дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ планирани се 250 милиони евра за општините и 1 милијарда евра во рамките на четиригодишен мандат за развој на општините и решавање на потребите на граѓаните.
„Планирани се до 250 милиони евра, средства кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата планира да ги реалоцира кон општините за проекти на општините кои што се од големо значење за граѓаните. Целта на овие проекти е да практично допреме до секое едно домаќинство, да ги задоволиме основните потреби со кој ќе обезбедиме поквалитетен живот на македонските граѓани во смисла на подземна инфраструктура, канализација водоводи, атмосферска и фекална асфалт, нови улици исто така онаму каде што е потребно нови градинки нови училишта како дел од проектот да нема веќе листи на чекање за дечињата во градинките во пред школската возраст и цениме дека на тој начин ќе ги решаваме основните потреби на граѓаните. Тоа е вкупно 1 милијарда евра во рамките на еден четиригодишен мандат и цениме дека на овој начин ќе покажеме дека сето она кое што е можеби испуштено повеќе од три децении ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат сериозна намера да го решат а на тој начин да дојдеме што е можно поблиску до граѓаните. Од овде од Гевгелија апелирам до сите градоначалници без разлика дали се тоа од ВМРО-ДПМНЕ или од другите политички партии да подготват проекти и таму некаде наесен кога очекуваме да биде јавниот повик да аплицираат и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ да практично одобри средства за реализирање на тие проекти во општините, ние не сме како владата на СДСМ и ДУИ ние сакаме да ја развиваме Македонија на целата територија на 26 илјади квадратни километри, секоја педа секој метар ни е важен, без разлика дали градоначалникот е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и во име на тоа ги повикувам сите градоначалници да подготват проекти, да аплицираат и заедно со тие градоначалници да ги реализираме тие проекти што се од интерес на граѓаните во цела Македонија“, нагласи Мицкоски.